Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски, изрази целосна доверба во изборот на пртеседателката на државата, која до Собранието достави предлог адвокатката Сузана Јошевска – Атанасовска и професорката Арлинда Кадри – Шахиновиќ да бидат нови членови на највисокото судско тело. Камбовски не навлезе во детална евалуација на предложените кандидати, но нагласи дека станува збор за врвни професионалци.






