Досегашниот играч на тимот на Шкендија, Себастиан Спахиу и официјално повеќе не е дел од клубот од Тетово.
Тој спогодбено го раскинува важечкиот договор со клубот и заминува на друго место.
Очигледно дека минутажата, како и статусот кој што Спахиу ги имаше периодов не соодетстува со плановите како негови, така и на клубот, па разделбата очигледно беше неминовна.
Во моментов конкуренцијата во Шкендија е жестока, и не секој добива место во тимот очигледно колку што мисли дека ја заслужува.






