Јавниот обвинител од Охрид е во контакт со жрвата и нејзиниот исказ е суштествен, од него ќе произлезат многу докази кои се од голема доказна вредност, истакна републичкиот јавен обвинител Ненад Савески.
Спроед Савески интензивно се работи на расчистување на случајот со претепувањето на млада девојка во Охрид.
„Ве уверувам дека јавното обвинителство ги презема сите неопходни истражни дејствија за да се расчисти случајот. Очекувам во во текот на денот да бидам известен од надлежниот јавен обвинител, дури и да се донесе денес конечна јавнообвинителска одлука“ рече Савески.
Запрашан зошто случајот се води како нанесување тешка телесна повреда, а не обид за убиство и зошто се бараат само мерки за претпазливост, а не притвор, Савески рече дека не сака да шпекулира.
„Ако би одговорил и да утврдам јас правна квалификација тоа е шпекулирање. Правната квалификација произлегува од тоа што ќе се собере од истражната постапка. Сето она што од истражнтие дејствија ќе биде собрано како доказен материјал ќе биде ценето“ рече Савески.
Тој додаде дека во текот на денот ќе има одлука и соопштение за јавноста каде ќе бидат изнесени сите детали.






