-8.2 C
Skopje
12 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСе демонтира стариот радар на скопскиот аеродром, авиосообраќајот се одвива непречено

Се демонтира стариот радар на скопскиот аеродром, авиосообраќајот се одвива непречено

- Advertisement -spot_img

Започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на меѓународниот аеродром „Скопје“, како и подготовка за инсталација на новиот, современ Мод S радар . Од М-НАВ информираат дека оваа процедура нема да има никакво влијание врз одвивањето на авиосообраќајот.

Процесот на демонтажа следи по одржаниот состанок на 1 декември 2025 година со тимот на компанијата „Леонардо“ и ангажираните домашни подизведувачи.

Од М-НАВ посочуваат дека оваа фаза е клучен чекор во рамки на големиот проект за модернизација на системите за надзор на воздушниот сообраќај во земјата.

Оттаму велат дека проектот се реализира со висок степен на координација и експертиза на стручниот и технички персонал, кој има клучна улога во реализацијата на овој комплексен проект.

По завршувањето на демонтажата, ќе следуваат градежни активности за поставување на новата конструкција, а потоа и инсталација на новиот Мод S радар.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img