HomeМакедонијаСавески: Гарантирам отчетност и транспарентност, дигитализација; најголем проблем се условите за работа

Савески: Гарантирам отчетност и транспарентност, дигитализација; најголем проблем се условите за работа

- Advertisement -spot_img

Судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Ненад Савески е избран за нов Државен јавен обвинител – доби поддршка од 66 пратеници во Собранието и најави крај на фиока-системот. Тој во интервју за МИА, гарантираше отчетност,транспарентност и дигитализација. Според него, најголем проблем во јавнообвинителската работа се токму условите за работа, а не платите, иако, како што вели, акцентот најмногу се става токму на тоа.

НЕНАД САВЕСКИ, ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

„Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин. Меѓу останатото и она што често се коментира е да се обезбедат финансиски средства иако, платите не се најголемиот проблем туку се условите за да се работи. Не може со сиромашна институција да се бориш против богати од криминал.“

Савески смета дека прво, треба да ја согледа состојбата внатре и да ги види условите за работа. Потоа, како што вели, треба да се види финансиската конструкција на институцијата, потребите, како и да се види новиот закон и истиот да почне да се применува. Сепак, најважно за него е да се дигитализира работата на обвинителите за да може да се следи нивната работа и да нема, како што вели, фиока стоп-систем.

НЕНАД САВЕСКИ, ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

„Таа дигитализација можеби би била некоја програма која што би била „фиока стоп систем“. Значи, она што најчесто се натура како критика на обвинителството е тоа дека работи бавно, но и да се видат кои се причините за тоа. Дали е тоа недостиг на стручен кадар, на обвинители, дали недостига помошен кадар за јавните обвинители.“

Во изјавата за МИА, Савески рече дека не сака да издвои предмет со кој би ја почнал работата како нов јавен обвинител бидејќи смета дека сите се еднакво важни оти се работи за човечки судбини. Савески вели и дека нема да води селективна правда. Тој живее во Гостивар и е магистер по правни науки – казнено право. Од 2016 е судија во Основниот кривичен суд Скопје, во Одделот за организиран криминал и корупција. Претходно, работел како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а бил и стручен соработник во Основниот суд Гостивар.

Инаку, Ненад Савевски доаѓа на местото на Љупчо Коцевски, кој пак си поднесе оставка лани во декември, во очи седницата на која требаше да се расправа за негово разрешување на предлог на Владата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img