домаТехнологијаSamsung го претставува моделот The Frame Hospitality на HITEC 2026

Samsung го претставува моделот The Frame Hospitality на HITEC 2026

- Advertisement -spot_img
4K QLED дисплејот наменет за угостителскиот сегмент нуди дизајн инспириран од уметност, услуги за гости и поврзано управување за премиум хотели и комерцијални простори

Компанијата Samsung денес го најави глобалното лансирање на ТВ уредот The Frame (модел HL03H) на “HITEC 2026“, најголемиот и најдолготрајниот меѓународен настан за технологија во угостителството, кој се одржува од 15 до 18 јуни во Конгресниот центар “Хенри Б. Гонзалес” во Сан Антонио, Тексас. Дизајниран за хотели и премиум комерцијални простори, новиот модел го носи првиот во свет Art TV, во понудата на „Samsung“ за телевизори во угостителството. Уредот служи и како премиум екран и како дизајнерска карактеристика, додавајќи уметнички дела, забава и поврзани хотелски услуги во собите за гости и во заедничките простории.

“Со The Frame наменет за хотели, ’Samsung’ носи едно од своите најкарактеристични ТВ-искуства во угостителскиот сектор”, изјави Хјунг Џе Ким (Hyoung Jae Kim), Извршен Потпретседател на Одделот за визуелни дисплеи (VD) во Samsung Electronics. “’Samsung’ ќе продолжи да инвестира во решенија за дисплеи за угостителство кои им помагаат на брендовите да испорачаат врвна услуга, да го зајакнат својот бренд-идентитет и да се подготват за следната фаза на поврзани искуства за гостите.”

Дисплеј за угостителство дизајниран за премиум простори

Со овој модел за угостителство, Samsung го носи наградуваниот дизајн и функционалност на The Frame во хотелите и корпоративните средини. Дисплејот го комбинира 4K QLED квалитетот на слика со префинета форма што природно се вклопува во премиум ентериери. Неговиот Anti Glare (анти-одразувачки) панел ги намалува несаканите одрази, додека тенкото Slim Fit ѕидно поставување овозможува телевизорот да стои блиску до ѕидот за чиста инсталација во стил на галерија. The Frame ја елиминира потребата од посебен One Connect Box со интегрирање на клучните компоненти за поврзување во самиот екран, што овозможува поедноставна инсталација во угостителските простори. Опционалните магнетни рамки им овозможуваат на хотелските оператори да ја приспособат рамката за да одговара на атмосферата и дизајнот на секој простор.

Центарот за уметнички колекции (Collection Hub) му дава на The Frame уникатна вредност како уметнички ТВ уред за угостителски објекти, овозможувајќи им на хотелските оператори да прикажуваат избрани уметнички дела, фотографии или бренд-визуелизации кога екранот не е во активна употреба. Функцијата Generative Wallpaper им овозможува на гостите да создаваат позадини генерирани од вештачка интелигенција за екранот, додавајќи персонализиран допир на нивното искуство во собата. Заедно, овие функции помагаат секој екран да стане дел од дизајнот на собата, без разлика дали прикажува визуелизации курирани од хотелот или слики генерирани од вештачка интелигенција избрани од гостите. 

Како најпремиум понуда на телевизори за угостителство од “Samsung“, The Frame за хотели е првиот модел во понудата на Samsung за хотелски телевизори што ги поддржува функциите Generative Wallpaper и Live Translate. Функцијата Live Translate им помага на меѓународните патници удобно да гледаат локални емисии или Samsung TV Plus со преводи на нивните претпочитани јазици. Резултатот е подостапна локална содржина за корисниците што патуваат во странство.

Почнувајќи со понудата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година и продолжувајќи со моделот HL03H, поддршката за Google Cast и Apple AirPlay им овозможува на гостите да споделуваат содржина од паметен телефон или таблет на телевизорот во собата со скенирање на QR-код прикажан на екранот. Не е потребно посебно најавување, а информациите за поврзување на уредот автоматски се бришат при одјавување за да се заштити приватноста на гостите.

Управување со хотелиерски функции од една платформа

Сеопфатното облак-решение за хотелиерство на “Samsung“ – LYNK Cloud, им помага на хотелските тимови да го следат статусот на ТВ во реално време, да ги ажурираат услугите на екранот и да дистрибуираат содржини наменети за гостите на поврзаните екрани од централна платформа.

Со поддршка од LYNK Cloud, гостите можат да пристапат до дигитални консиерж-функции, да резервираат хотелски услуги и да нарачаат услуга во соба преку телевизорот во собата. Ова им дава на хотелите уште еден начин да ги поврзат гостите со услугите на објектот директно од екранот.

LYNK Cloud исто така вклучува и Бизнис интелигенција, функција која им помага на хотелските тимови да разберат како гостите ги користат ТВ-услугите во собите, вклучувајќи често нарачувани ставки од менито или популарни ТВ-канали. Овие сознанија можат да поддржат порелевантни понуди и да помогнат во идентификување нови можности за приходи.

Покрај тоа, LYNK Cloud го поддржува управувањето со Центарот за колекции Collection Hub на угостителскиот модел на The Frame. Со него, хотелските тимови можат истовремено да дистрибуираат избрана уметничка содржина на поврзаните уреди. Исто така, можат да ја прилагодат осветленоста и тонот на бојата врз основа на условите за осветлување во просторијата, со што секое прикажување се вклопува во концептот на брендот на хотелот и во амбиентот на собата.

Samsung ќе го претстави The Frame за хотели на штандот 2442 за време на “HITEC 2026“. Новиот модел ќе биде достапен во големини од 43, 55, 65 и 75 инчи, а глобалното лансирање ќе започне во втората половина на 2026 година. 

За повеќе информации, посетете ја https://www.samsung.com/mk/

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img