HomeМакедонијаСадење дрвја во центарот на Ѓорче Петров и ново зеленило по должината...

Садење дрвја во центарот на Ѓорче Петров и ново зеленило по должината на реката Лепенец

- Advertisement -spot_img

Општината Ѓорче Петров, решенијата засновани на природата (NbS) ги интегрира како системски пристап во нејзината политика за заштита на животната средина и климатска отпорност.

–Во рамки на проектот реализиран со „Флорозон“, со поддршка на Амбасадата на Канада во Белград преку Canadian Fund for Local Initiatives (CFLI), беше одржана работна средба и финална пилот-акција посветена на конкретни локални решенија. Работната средба се одржа во присуство на г-ѓа Ешли Дурек, заменик-шеф на мисијата и политички советник, и г. Владан Миладиновиќ, политички и економски службеник во Амбасадата на Канада во Белград, како и Кирил Ристовски од ФЛОРОЗОН. Во Годишната програма за животна средина веќе го интегрираме NbS-концептот, а следува и нова зелена инфраструктура по должината на реката Лепенец, со значајна улога во намалување на ерозијата и аерозагадувањето – соопштија од Општина Ѓорче Петров.
Оттаму истакнаа дека во рамки на пилот-акцијата било реализирано и садење дрвја во централното подрачје на општината — конкретен чекор кон позелена и поотпорна средина.

Од Општината нагласуваат дека остануваат посветени на системски решенија што носат долгорочна вредност за Ѓорче Петров.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img