домаМакедонијаРубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник...

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

- Advertisement -spot_img

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија.

– Во име на американскиот народ, упатувам најтопли честитки до народот на С. Македонија, додека славите 35 години независност. Соединетите Американски Држави се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер. С. Македонија игра важна улога во зајакнувањето на безбедноста и стабилноста низ целиот регион преку нејзината посветеност на нашата заедничка одбрана и соработка во борбата против тероризмот и напорите за сајбер безбедност, се наведува во честитката од Рубио објавена на веб страницата на Стејт департментот.

Американскиот државен секретар го поздравува континуираниот раст на економското партнерство, вклучително и преку овогодишниот Стратешки дијалог во Вашингтон.

– Заедно, ги унапредуваме можностите во енергетиката, инфраструктурата, технологијата и другите сектори за зајакнување на просперитетот во двете наши земји. Ви посакуваме радосен Ден на независноста и континуиран мир, безбедност и просперитет во годините што доаѓаат, истакнува Рубио.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img