Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија претрпе пораз од селекцијата на Турција со резултат 30:26, во рамки на Регионалната лига У16.
Нашите ракометарки утре ќе играат против домаќинот Грција, дуелот е закажан со почеток во 12 часот.
Настапот во Регионалната лига У16 претставува значајна можност за нашите млади ракометарки да стекнат меѓународно натпреварувачко искуство, да го покажат својот потенцијал и да го продолжат својот репрезентативен развој.






