домаШоубизРозга со порака: Едвај чекам да дојдам во Охрид, да гледам во...

Розга со порака: Едвај чекам да дојдам во Охрид, да гледам во онаа убавина, да се напијам кафенце…

- Advertisement -spot_img

Розга со порака до македонската публика: „Да ја повториме магијата и љубовта во Охрид“

– Охрид е толку магично место, се радувам за 29-ти, да ја повториме таа магија и љубовта. Ќе има емоција, ќе има забава… многу се радувам… порача хрватската пејачка Јелена Розга во пресрет на големиот охридски концерт закажан на 29 јули.

Локацијата е добро позната – Античкиот театар што и годинава, на 29 јулисо почеток од 21 часот, повторно ќе биде местото каде што една од најголемите регионални музички ѕвезди ќе приреди вечер за паметење.

По незаборавната атмосфера што ја создаде минатото лето, Розга повторно доаѓа во градот кој, како што и самата вели, има посебно место во нејзиното срце. Во видеопораката упатена до македонската публика, таа не го крие нетрпението повторно да застане на истата сцена.

Охрид е толку магично место, се радувам за 29-ти, да ја повториме таа магија и љубовта. Ќе има емоција, ќе има забава… многу се радувам. Репертоарот ќе го сочинуваат песни од почетокот на мојата кариера, па сѐ до денес. Едвај чекам да дојдам во Охрид, да гледам во онаа убавина, да се напијам кафенце, сокче, малку да се опуштам, па потоа да појдам до Античкиот театар“, порачува Розга.

https://www.instagram.com/reel/DbJS-rnMPXR/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA%3D%3D

Во организација на Евентум продукција концертот се најавува како уште една спектакуларна летна ноќ под охридското небо, исполнета со љубов, емоции, безвременски хитови и атмосфера каква што само Јелена Розга знае да создаде.

Билетите се во продажба преку e-ticket.mk и веќе се во ограничен број, затоа доколку сѐ уште не сте го обезбедиле вашето место, ова е последниот повик да бидете дел од една од најочекуваните музички вечери што Охрид долго ќе ја памети.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img