15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортРома си гази во Серија А, со пресврт до победа во Фиренца

Рома си гази во Серија А, со пресврт до победа во Фиренца

- Advertisement -spot_img

И дефинитивно Рома на Гасперини не се шегува и нема намера да се шегува во оваа сезона. Попладнево во Фиренца тимот од Рим успеа да дојде до петтата победа во шестиот меч и со тоа да го запоседне врвот на табелата во Серија А со 15 бода.

Фиорентина поведе со голот на Кин во 15.минута, но тогаш “Волчицата“ како да префрли во повисока брзина и со головите на Суле и Кристанте уште во првиот дел успеа да дојде до 1:2 и до големи три бода.

На вториот меч од 15 часот Болоња со 4:0 успеа да слави против Пиза и тоа со головите на Гамбаиаџи, Моро, Орсолини и Огард.

Вечерва од 20:45 часот се игра големото дерби меѓу Јувентус и Милан.

sportmedia.mk

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img