HomeМакедонијаРодителите од Кочани: Не ставија рамо до рамо со обвинетите, тоа за...

Родителите од Кочани: Не ставија рамо до рамо со обвинетите, тоа за нас е понижување

- Advertisement -spot_img

На денешниот нов „Марш на ангелите“, дел од родителите порачаа дека го преживеаа првото рочиште и дека било тешко и болно. Александар Наунов, татко на трагично загинатата Надица, во изјава од маршот порача дека се надевал како второто рочиште ќе го отвори патот кон правдата, но било одложено без помислата за болката на семејствата на загинатите.

-Го испративме со тешко разочарување. До кога ќе се одложува правдата и вистината? До кога ќе се одложуваат нашите животи и срца? Излеговме од судот со стегнати души. Токму тогаш видовме уште една неправда. На истиот паркинг, без никаква организација или кордон, нас родителите не ставија рамо до рамо со обвинетите – паркирани едни до други, лице во лице, како да сме еднакви страни во админстративен записник. За нас тоа беше понижување, рече Наунов.

Тој додаде дека од Судот очекуваат повеќе од формално спроведување на постапката. Очекуваат професионалност и човечност. Наунов зборуваше и за соочувањето со кочанските адвокати кои се дел од одбраната на обвинетите.

-Тие наместо да се оддалечат и да покажат малку човечност, повторно ни објаснуваат дека имале право да ги бранат своите клиенти. Знаеме дека дел од тие луѓе имаат свои блиски, роднини и познаници кои беа во Пулс. Ние според нив не сме требале да реагираме. Како да стоиме мирни пред луѓе кои ги бранат причинителите за големата трагедија. Имаме право да зборуваме и протестираме. Нашиот гнев не е омраза, тоа е болка во секој родител што изгубил дете, кажа таткото на Надица.

Маршот за ангелите започна од Паркот на револуцијата во Кочани со порака дека се чекори „со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не можат да чекорат“. Родителите најавија дека ќе продолжат да бараат правично судење за трагедијата, во која загинаа 63 млади луѓе.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img