Родители, роднини, другари, пријатели ноќеска во 02:32 часот се собраа пред дискотеката „Пулс“, каде на 16 март лани во пожар загинаа 63 главно млади луѓе и деца. Со свеќи во рацете и со една минута молк, собраните родители и граѓани им оддадоа почит на загинатите во страшниот пожар што избувна во 02:32 часот во кој беа повредени и над 200 лица.
„Нека светлината сведочи да не заборавиме. Нека тишината звборува за љубовта што останува“, рекоа од Здружението „16 март 2025 Кочани“.
На просторот пред дискотеката во вчера беа поставени 63 бели срциња, на кои е испишано името и годината на раѓање на сите 63 загинати.
Викендов во Кочани беа организирани низа настани за сеќавање на загинатите, меѓу кои и велосипедска тура и кошаркарски натпревар. Денеска во Центарот за култура „Бели Мугри“ ќе се одржи комеморативен настан во спомен на загинатите во пожарот.
Владата организираше меѓународната конференција на која говореа 37 лекари и медицински експерти од странство, кои по трагедијата во Кочани директно учествуваа во лекувањето на пациентите.








