HomeМакедонијаСинот на Деко бара отштета од околу 25.000 евра за демолирањето на...

Синот на Деко бара отштета од околу 25.000 евра за демолирањето на „Класик кафе“, судењето одложено

- Advertisement -spot_img

Фирмата „БИТ ТИМ“, сопственост на Михаил Јованов, син на Дејан Јованов – Деко, поднесе приватна тужба против осуммина млади од Кочани, барајќи отштета од нешто помалку од 25.000 евра за штетата нанесена во кафе барот „Класик“ во Градскиот трговски центар.

Станува збор за инцидент што се случи на 17 март, ден по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кога во ескалација на протестите беше демолиран локалот – искршени беа излози и дел од инвентарот, меѓу кои столови, маси, телевизори и украсни растенија.

Судскиот процес започна, но второто рочиште за обид за мирење беше одложено бидејќи тужителот Михаил Јованов не се појави во судница. Неговата адвокатка Ивана Коцевска изјави дека Јованов не се чувствува добро и најави дека во рок од три дена ќе достави медицинска документација за оправдување на отсуството.

Од друга страна, дел од обвинетите беа присутни со свои адвокати, но одбраната јасно посочи дека „нема услови за спогодба“, што значи дека нема да прифатат спогодбено да ја надоместат штетата.

Судијата Спиро Борисов констатираше дека не се исполнети условите за одржување на рочиштето, поради отсуство на странки, но и поради потенцијален судир на интереси, бидејќи еден од адвокатите е во сродство со судијата. Поради тоа, најави дека ќе поднесе барање за изземање до Апелациониот суд во Штип.

-Јас уште денес ќе поднесам барање за изземање, а понатамошниот тек на постапката ќе зависи од одлуката на Апелациониот суд – изјави Борисов.
Поддршка за обвинетите млади лица дадоа и дел од родителите на загинатите во трагедијата во „Пулс“, кои присуствуваат на рочиштата. Тие сметаат дека барањето за отштета е неосновано.

-Не се приложени валидни докази за сопственост или вредност на имотот. Барањето е фиктивно и без правна основа – изјави Александар Наунов, татко на загината девојка во пожарот.
Судењето е одложено на неопределено време, сè до одлуката на Апелациониот суд во Штип.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img