15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаРистовски го пушти во употреба новоизградениот мултифункционален спортски центар во Куманово

Ристовски го пушти во употреба новоизградениот мултифункционален спортски центар во Куманово

- Advertisement -spot_img

Министерството за спорт продолжува со реализација на својата визија за развој на спортската инфраструктура низ целата држава. Куманово доби современ, целосно реконструиран спортски центар, изграден во рекордно време.

Новото спортско мултифункционално здание опфаќа фудбалски терен, кошаркарско и одбојкарско игралиште со полипропиленска подлога, како и фитнес зона опремена со современи реквизити. Со тоа, Куманово добива нов простор кој овозможува услови за спорт и рекреација за сите генерации.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека проектот во Куманово е дел од пошироката стратегија за инвестирање во спортот и создавање современи услови за тренинг, натпревари и рекреација низ целатс државата.

„Тоа што го ветивме – го исполнивме во рекордно време. Куманово доби современ спортски центар со мултифункционални игралишта и фитнес зона, простор кој ќе биде место на спорт, здрави навики и дружење. Министерството за спорт интензивно вложува во изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, за спортот да биде достапен за сите – изјави министерот Ристовски.

Со овој проект, Министерството за спорт уште еднаш ја потврдува својата определба дека вложувањето во спортот е вложување во здравјето и иднината на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img