15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаРистовски: Armada 14 го покажа потенцијалот на македонското MMA

Ристовски: Armada 14 го покажа потенцијалот на македонското MMA

- Advertisement -spot_img

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претседателот на Македонската ММА федерација, Ивица Алексовски, како и со македонските борци Марко Трајановски и Даниела Алексовска, кои забележаа извонредни победи на спектаклот Арммада 14 во Скопје.

„Уште еднаш им честитав за извонредните настапи на големиот спектакл – прв ваков настан во Македонија по повеќе од 15 години“, изјави Ристовски. Тој исто така ѝ посака многу успех на Даниела Алексовска за претстојниот настап на Светското ММА првенство во Тбилиси, Грузија, во категорија до 52,2 кг.

Министерот нагласи дека Министерството за спорт ќе продолжи да биде силен партнер и поддржувач на ММА спортот во земјата.

„Успехот на нашите спортисти е успех на цела Македонија“, додаде Ристовски, изразувајќи поддршка за развојот на боречките спортови и промоцијата на македонските атлети на меѓународната сцена.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img