домаШоубизРеТрн ДУО: Ѓоко Зајков и Висар Муслиу – приказната зад репрезентативниот дрес

РеТрн ДУО: Ѓоко Зајков и Висар Муслиу – приказната зад репрезентативниот дрес

- Advertisement -spot_img

Во новата епизода на РеТрн ДУО ни гостуваат двајца спортисти кои веќе со години се едни од најсигурните столбови на македонската фудбалска репрезентација – Ѓоко Зајков и Висар Муслиу.

И двајцата се дел од генерацијата која испиша историја со настапот на ЕУРО 2020, а зад себе имаат богати интернационални кариери и настапи во некои од најсилните европски првенства.

Ѓоко Зајков, кој потекнува од школата на Работнички, уште како тинејџер важеше за еден од најперспективните македонски стопери. Неговата кариера го однесе низ Франција, Белгија, Бугарија, Украина, Романија, а денес настапува за Ајман во Обединетите Арапски Емирати. Пред да стане стандарден сениорски репрезентативец, беше и капитен на македонската репрезентација до 21 година на Европското првенство во Полска во 2017 година.

Од другата страна е Висар Муслиу – дефанзивец кој со години е незаменливо име во националниот тим. Професионалната кариера ја започна во Ренова, а потоа настапуваше во Швајцарија, Унгарија, Германија и Белгија. Беше дел од историскиот тим на Вардар што се пласираше во групната фаза на Лига Европа, а денес го носи дресот на Синт-Труиден.

Во новата епизода не зборуваме само за фудбалот. Со Ѓоко и Висар разговараме за животот надвор од теренот, кариерата, репрезентацијата и моментите што не ги гледате за време на 90-те минути натпревар.

Двајца стопери. Еден тандем. И многу добар муабет.

Не ја пропуштајте новата епизода на РеТрн ДУО.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img