6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаРечиси два месеци протест на мештаните во Љубојно

Речиси два месеци протест на мештаните во Љубојно

- Advertisement -spot_img

Скоро два месеци жителите на Љубојно излегуваат секој ден на протести против сечата на шумата во коријата над селото. Сечата која ја соголи планината велат е стопирана но и после 57 дена отпор граѓаните од овој реон немаат официјален одговор од институциите дали откако ќе се тргнат од протестите во иднина ќе продолжи повторно да се сече шумата.

Жителите велат нема да дозволат ниту едно дрво да се подигне од локацијата дури не дојде на терен државен инспекторат.Бараат властите да донесат забрана за сеча во наредните 50 па дури и 100 години.

ТВ 24 се обрати до Владата од каде одговорија дека сите активности на терен во однос на сечата на дрвната маса се прекинати се со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните иако сечата била предвидена согласно Последниот план за стопанисување со шуми.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со ЈП „Национални шуми” ја разгледуваат можноста за изменување и дополнување на Посебниот план за стопанисување со шуми за Шумско Стопанска единица „Пелистер-Брајчино“. Овој процес се спроведува со цел да се излезе во пресрет на барањата на локалното население.” велат од Влада за ТВ 24.

Екологистите повторно предупредуваат за штетноста од сечата на шумата. Свлечишта, поплави при обилни дождови и контаминирање на резерварот за вода. Според планот предвидено било да се исечат над 4.000 кубни метри нискостеблеста дабова шума од два оддели, а досега исечени се нешто повеќе од 1.500 кубни метри.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img