Откако ги почувствувала придобивките по вакцинирањето против сезонски грип, пензионерката Добрила редовно се пријавува за бесплатна вакцина. Вели дека брзо добила термин, а ова е најдобар начин за заштита на нејзиното кревко здравје.
Доктор Кљусева потсетува дека за лицата во ризична група оваа вакцина е бесплатна и упатува на начинот за нејзино пријавување.
На одделот за педијатрија зголемен е бројот на амбулантски прегледи и на хоспитализирани деца.
Се препорачува и често проветрување на просториите, нивно затоплување, миење рацете, избегнување метеж и лица кои кашлаат. Да се практикуваат здрава храна, физичка активност, но и намалување на стресот.
Се зголемува интересот за вакцинирање против сезонски грип. Најдобриот начин за заштита од здравствени компликации.
Од Министерството за здравство уверуваат дека вакцини има доволно за сите. Оние коишто добиле термин, а не можат да дојдат навремено да го откажат, за тој да се додели на друг пријавен.






