домаМакедонијаДо 13 часот: Во Брвеница е забележана излезност од 27,81 отсто –...

До 13 часот: Во Брвеница е забележана излезност од 27,81 отсто – повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг

- Advertisement -spot_img

До 13 часот на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница гласале 4.518 избирачи, што претставува 27,81 отсто од вкупниот број запишани гласачи, соопшти Државната изборна комисија.

Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезеноста до 13 часот е за 7,31 процентен поен повисока во споредба со истиот временски период на првиот круг од изборите, одржан пред две недели.

Во однос на заштитата на избирачкото право, до 13 часот до Комисијата бил поднесен еден приговор, кој бил усвоен, по што на гласачот му било овозможено да го оствари правото на глас.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img