домаХроникаРасправија за пари завршила со напад - газда го претепал вработениот

Расправија за пари завршила со напад – газда го претепал вработениот

- Advertisement -spot_img

Инцидент поврзан со неисплатени дневници бил пријавен во СВР Скопје, откако 20-годишен скопјанец тврди дека бил физички нападнат од сопственик на угостителски објект во скопската населба Центар.

Според информациите, А.К. (20) од Скопје на 30 мај 2026 година во 15:15 часот пријавил во полиција дека физичкиот напад се случил неколку дена претходно, односно на 26 мај, во угостителски објект каде што претходно бил вработен.

Како што е наведено во пријавата, причината за инцидентот било недоразбирање околу исплата на дневници, по што, според неговите тврдења, бил нападнат од сопственикот на локалот.

Од надлежните институции информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img