домаМакедонијаРаичевиќ за 24 Вести: Ако станам државен обвинител ќе направам надзор над...

Раичевиќ за 24 Вести: Ако станам државен обвинител ќе направам надзор над затворениот предмет за „Бонусите на СЈО“

- Advertisement -spot_img

Кандидатката за државен јавен обвинител Лидија Раичевиќ во емисијата „24 Анализа“ изјави дека доколку биде избрана на функцијата, ќе направи надзор над затворената постапка за случајот „Бонусите на СЈО“.


Таа смета дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција има обврска пред јавноста детално да го образложи начинот на постапување во предметот, чекор по чекор. Според неа, по првичното решение имало „турбуленции“, дисциплински постапки и разрешувања, а посебно реагира на висината на исплатените средства.


Раичевиќ наведе дека одлуката на ОЈО ГОКК се темели на став дека кривичното дело не се гони по службена должност, но нагласи дека не може целосно да ја анализира бидејќи не го прочитала предметот. Сепак, таа порача дека раководството на обвинителството треба јавно да објасни од кои причини е донесена таква одлука, кои дејствија се преземени и хронолошки да ги презентира сите детали.


Таа препорача новиот државен јавен обвинител веднаш да го објави предметот и додаде дека, доколку во него има докази, случајот треба да добие судска завршница.


Во однос на работењето на поранешното Специјално јавно обвинителство, Раичевиќ оцени дека СЈО било „скршен колк“ за редовното обвинителство, со став дека не ги испорачало очекуваните резултати и дека требало да има повеќе завршени предмети.


Таа истакна и дека во својата кариера не била изложена на политички притисоци. Раичевиќ нагласи дека со своето искуство, стаж и образование се смета за соодветен избор за државен јавен обвинител и очекува позитивно мислење од Советот на јавни обвинители и од Владата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img