Работник од село Студеничани починал од струен удар додека изведувал градежни работи на куќа во изградба во скопското село Кондово.
-На 20.10.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Кондово, скопско, М.Б.(38) од село Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа во изградба добил струен удар, по што паднал на земја и починал. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, соопшти МВР.
Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.






