HomeМакедонијаПутин го отповика Баздникин од функцијата амбасадор на Руската Федерација во Македонија

Путин го отповика Баздникин од функцијата амбасадор на Руската Федерација во Македонија

- Advertisement -spot_img

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој го отповикува Сергеј Баздникин од функцијата амбасадор во Македонија.

Во претседателскиот указ објавен денеска на порталот за правни акти на Русија, пишува:

„Да се ослободи Сергеј Александрович Баздникин од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“. Не е соопштена причината за отповикувањето на 58-годишниот дипломат, кој беше амбасадор на Руската Федерација во Македонија од 2018 година. За време на неговиот мандат се случија дипломатски проблеми меѓу двете земји, откако по нападот на Русија врз Украина во 2022 година, Москва протера македонски дипломати поради поддршката на земјава за Украина, а нашето МНР одговори со реципрочни мерки на протерување руски дипломати.

Како што потсетуваат руските медиуми, Путин во септември ги отповика и амбасадорите на Русија во Турција и Узбекистан. Засега нема најава за тоа кој би можел да го замени Баздникин на амбасадорската позиција во Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img