домаМакедонијаОтчетот не треба да остане затворен во партиски архиви, нека го читаат,...

Отчетот не треба да остане затворен во партиски архиви, нека го читаат, нека не критикуваат, нека кажат каде можевме подобро, рече Димитриевски

- Advertisement -spot_img

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од редовите на Движењето во изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“.

Обраќајќи им се на граѓаните, претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, истакна дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку и обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика.

„Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме дека јавната функција, ако ја сфатиш сериозно, е една од најтешките форми на лична и морална одговорност“, рече Димитриевски.

Тој нагласи дека со преземањето на одговорноста во Владата завршил периодот во кој било доволно само да се укажува на проблемите и дека секое ветување дадено пред граѓаните мора да биде претворено во конкретен резултат.

„Не велам дека сме завршиле. Овој отчет не го споделуваме како точка на крајот, туку како пресек на еден период по кој мора да следи уште поголема одговорност“, порача претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи дека отчетот не треба да остане затворен во партиските архиви.

„Нека го читаат. Нека го критикуваат. Нека ги споредуваат резултатите. Нека ни кажат и каде можевме подобро“, порача тој, нагласувајќи ја определбата отчетот да биде отворен пред граѓаните.

Говорејќи за политичката визија на Движењето, Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја.

Димитриевски порача дека следниот период ќе биде период на продолжување и продлабочување на започнатите промени, со јасна определба Македонија да биде посилна, поуредена, помодерна и поспособна држава.

„Да ја чуваме Македонија, не само како спомен од минатото, туку како надеж за иднината. Да оставиме држава во која нашите деца ќе кажат: ‘Овде сакам да живеам. Овде сакам да создавам. Ова е мојата Македонија’“, рече Димитриевски на крајот од своето обраќање.

Од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија велат дека остануваат посветени на политиката која својата смисла ја наоѓа во државниот интерес, со стремеж кон создавање на Македонија која ќе биде стабилна, самоуверена и достоинствена држава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img