Министерството за образование и наука соопшти дека комисијата извршила проверки во повеќе високообразовни и научни установи и утврдила неправилности што веќе довеле до затворање институти и до пријави кај надлежните органи.
Министерката Весна Јаневска за ТВ Сител, во емисијата „Тема на денот“, објасни дека контролите не откриле само административни пропусти, туку и случаи што отвораат сомнежи за начинот на работа на дел од установите.






