Вчера во 19:46 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека на паркинг просторот во Општа болница Куманово, во патничко возило со кумановски регистарски ознаки бил пронајден починат Б.В. (57) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.






