Локалните медиуми од Кочани известуваат за грозоморен настан во Зрновци, каде е пронајдена мртва жена која неофицијално била почината од насилна смрт.
Од полицијата вршат увид, а женското тело сеуште не е идентификувано.
Со првични информации се огласија и од МВР.
-Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци, во место викано Ѓошевски орев, во близина на зрновска река, е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за ,,Фокус”.
Од ОЈО информираат дека Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена.
До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени, велат од ОЈО.








