Полицијата ја пронајде Кристина од Охрид која беше пријавена за исчезната.
Денеска во 12:20 часот на крстосница од ул. „АСНОМ“ со ул. „Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот.
Семејството денеска објави јавен апел за пронаоѓање на 15-годишната Кристина која последен пат била видена вчера околу 16 часот.
Во моментот кога излегла од дома, била облечена во црна маица и широки сиви фармерки, а со себе носела црн ранец. Има црна коса.






