домаМакедонијаДел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен...

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

- Advertisement -spot_img

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе биде дел од улицата „Браќа Стефановиќ“ во село Брвеница.

Во Тетово, од 09:00 до 14:00 часот, прекин е планиран на улицата „Ленин“ број 3, каде што ќе се врши замена на дрвен столб со носилен бетонски столб.

Прекин на електричната енергија во истиот период, од 09:00 до 14:00 часот, е најавен и во дел од село Камењане, Општина Боговиње. Зафатени ќе бидат потрошувачи на нисконапонската мрежа.

Од надлежните служби посочуваат дека времетраењето на прекините може да има отстапувања зависно од текот на планираните работи на терен.

Граѓаните од овие населени места се советуваат навреме да ги планираат своите активности поради најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img