9.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПродолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија

- Advertisement -spot_img

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.

Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија.

Шестмината денеска сослушани сведоци преднајавија оштетено побарување и се приклучија на кривичниот прогон, освен еден кој преднајави штета, но не се приклучи кон кривичниот прогон.

Еден од денеска сослушаните сведоци не најави оштетено побарување и не се приклучи на кривичниот прогон на обвинетиот.

На прашање од јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, дали имале проблем со обезбедување на терапијата, еден од сослушаните сведоци рече дека имале проблем за нејзино обезбедување и најпрво оделе во Турција, но било многу финансиски, па потоа на Клиниката, каде, како што рече, морале да дадат мито од 500 евра за да ја добијат секоја доза од терапијата. Лекот, како што појасни сведокот, го добивале од фрижидер во канцеларијата на Никола Васев и бил даван на медицинска сестра за да биде аплициран.

– Немам документи, немам докази зошто не мислев дека ќе ми требаат. Ги исфрлив, но верувам ги има во досиејата, рече сведокот.

На прашање од одбраната на Васев, дали го пријавиле таквото однесување, сведокот рече дека не, зашто не знаела каде да пријави.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img