домаМакедонијаПроданоски: Спортот е најубав кога обединува и помага на оние на кои...

Проданоски: Спортот е најубав кога обединува и помага на оние на кои им е најпотребно

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски истакна дека спортот може да биде силен двигател на хуманост и заедништво, по одржувањето на хуманитарната трка „Трка со срце“ во Прилеп.

На настанот, кој се одржа вчера на улиците во Прилеп, учествуваа голем број граѓани, рекреативци и љубители на спортот, со цел да се поддржи хуманитарна иницијатива и да се испрати порака за инклузивност и солидарност.

Проданоски посочи дека му претставувало чест и задоволство да биде дел од трката, нагласувајќи дека ваквите настани ја покажуваат обединетоста на заедницата околу благородни цели.

Тој упати благодарност до организаторот Ротаракт Клуб Прилеп, како и до сите учесници, волонтери и поддржувачи кои придонесоа за успешна реализација на настанот.

Средствата собрани од трката ќе бидат наменети за набавка на електромагнетен стимулатор за децата со посебни потреби кои го посетуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа во Прилеп.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img