домаМакедонијаПроданоски: „Слободно театарче“ е гордост на Прилеп и инспирација за младите таленти

Проданоски: „Слободно театарче“ е гордост на Прилеп и инспирација за младите таленти

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот филм „Девојките на Марко“.

Проданоски истакна дека младите луѓе се најубавата приказна на секој град и дека нивниот талент и креативност се најсилен показател за иднината на Прилеп.

„Овој проект е вистинска потврда за талентот, трудот и потенцијалот на младите луѓе во нашиот град. Со љубов кон уметноста, тимска работа и голема посветеност, тие создадоа дело што го претставува Прилеп во најубаво светло“, истакна градоначалникот.

Тој додаде дека преку филмот се промовираат препознатливите локации на градот, како и неговата историја, култура и младешка енергија.

Според него, особено значајно е што младите преку овој проект испраќаат пораки за пријателство, солидарност, љубов, чесност и човечност.

„Кога постои искрена желба и посветеност, резултатите не изостануваат“, порача Проданоски, упатувајќи честитки до целата екипа и нагласувајќи дека Општина Прилеп ќе продолжи да биде поддршка за младите и креативни луѓе.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img