Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, најави нов капитален проект што ќе донесе свежа енергија и современ дух во градот — изградба на трендовски трговски центар со забавен парк и паркинг простор во индустриската зона Металец.
„Прилеп заслужува нови можности и современи содржини. Со овој проект создадеме нови инвестиции, работни места и можности за сите граѓани“, изјави Проданоски.
Новата локација ќе биде место на спој меѓу бизнисот, забавата и семејниот живот, со што Прилеп ќе добие простор што ќе привлече посетители од целиот регион.
Проектот предвидува комбинација на комерцијални, рекреативни и забавни зони, а ќе овозможи значително подобрување на локалната економија и животниот стандард.
Проданоски нагласи дека ваквите вложувања се дел од неговата визија за модерен, урбан и одржлив Прилеп, кој ќе нуди повеќе можности за младите и за локалните бизниси.






