15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПроданоски најави изградба на нова населба „Градина“ – современ урбан проект што...

Проданоски најави изградба на нова населба „Градина“ – современ урбан проект што ќе ја промени иднината на Прилеп

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, ја претстави својата визија за развој на градот преку реализација на еден од најамбициозните урбани проекти досега – изградбата на новата населба „Градина“.

Во својата објава, Проданоски истакна дека Прилеп заслужува да стане вистински европски град, со инфраструктура и стандарди што нудат достоинствен и квалитетен живот за сите граѓани.

„Мојата визија за Прилеп е јасна – да изградиме град кој расте, се развива и им нуди на сите граѓани современ живот. ‘Градина’ треба да биде новата иднина на Прилеп, пример како со план и визија можеме да создадеме уреден, зелен и функционален град“, рече Проданоски.

Новата населба ќе се гради на просторот на поранешните оранжерии, на само 1,5 километар од центарот на градот, и ќе опфаќа површина од 42 хектари. Проектот е дизајниран според највисоки европски стандарди и ќе биде дом за околу 13.000 жители.

Планирани се повеќе од 420 градежни парцели за изградба на станбени куќи, згради, деловни и трговски објекти, како и јавни институции – училишта, градинки, спортски и рекреативни центри.

„Ќе изградиме широки улици, тротоари, велосипедски и пешачки патеки, енергетски ефикасно осветлување, централно греење и многу зеленило. ‘Градина’ ќе биде место каде што ќе растат деца, ќе се создаваат семејства и ќе се гради иднина,“ нагласи Проданоски.

Еден од главните приоритети на проектот е задржување на младите во Прилеп преку создавање квалитетни услови за живот и работа.

„Со овој проект сакаме да им дадеме причина на младите да останат во Прилеп, да ја гледаат својата иднина тука, дома. Ова е визија што не создава само нова населба, туку нова енергија и нова перспектива за сите прилепчани,“ истакна тој

Проданоски најави дека „Градина“ ќе претставува симбол на европскиот и зелен развој на градот – модерен пример за урбан живот, енергетска ефикасност и хумано уредување на просторот.

Со работа, посветеност и љубов кон градот, ќе го направиме тоа реалност. Вистинскиот избор е јасен – Прилеп, град на иднината,“ заврши Проданоски.

Видеото може да го погледнете тука

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img