HomeМакедонијаПроданоски: Франкофонијата го обедини Прилеп: младите блеснаа на настан исполнет со култура...

Проданоски: Франкофонијата го обедини Прилеп: младите блеснаа на настан исполнет со култура и инспирација

- Advertisement -spot_img

Во срцето на Прилеп денеска се одржа настан посветен на франкофонијата, кој донесе топлина, инспирација и вистинска празнична атмосфера, обединувајќи ги граѓаните преку јазикот, културата и заедништвото.


Настанот, под мотото „Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“, беше вистински празник на францускиот јазик и култура, на кој младите покажаа завиден талент, енергија и креативност. Присутните имаа можност да уживаат во бројни изведби, креативни точки и настапи на учениците, кои со својата посветеност ја збогатија програмата.


Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, изрази благодарност до сите учесници, наставници и организатори за нивниот ангажман, како и до присутните граѓани кои придонесоа за успехот на настанот.
Посебна благодарност беше упатена до амбасадорот Кристоф Ле Риголер, претставниците на Францускиот институт, како и до училиштата од Битола и Кривогаштани за нивната поддршка и учество.


Од Општина Прилеп истакнуваат дека се горди што градот е дел од вакви иницијативи кои ги поврзуваат луѓето преку културни вредности и пријателство, нагласувајќи дека ќе продолжат со вложувања во младите и во проекти што промовираат заедништво и културна размена.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img