12.8 C
Skopje
6 March, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПроданоски: 100 дена посветена работа – поставени темелите за модерен и зелен...

Проданоски: 100 дена посветена работа – поставени темелите за модерен и зелен Прилеп

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, на настан посветен на првите 100 дена од мандатот направи отчет за сработеното, нагласувајќи дека периодот бил исполнет со интензивна работа, храбри одлуки и конкретни резултати.


„100 дена можеби изгледаат кратко, но кога секој од нив е исполнет со посветена работа и поставување темели за идниот развој, нивното значење е големо“, истакна Проданоски, додавајќи дека функцијата градоначалник ја доживува како обврска, одговорност и чест.


Во изминатиот период, како што посочи, биле донесени одлуки за стабилен финансиски развој и започнати инфраструктурни зафати кои веќе го менуваат изгледот на градот. Меѓу реализираните и тековните проекти ги издвои:
изградба на кружен тек кај мостот Табана,
реконструкција на тротоарот и поставување ново осветлување на улицата „Кеј 1 Мај“,
реконструкција на спортските игралишта во населбата Точила,


Проданоски потенцираше дека локалната самоуправа вложува во повеќе области – образование, спорт, култура, животна средина и социјална поддршка, со цел одржлив и комплексен развој.


Во делот на екологијата беа организирани еко-акции и чистење на градската река од талог, а во културниот сегмент беше реализирана „Прилепската празнична приказна“.
Градоначалникот упати благодарност до општинската администрација, јавните претпријатија, Владата и граѓаните за поддршката, нагласувајќи дека довербата е двигател за понатамошната работа.


„Продолжуваме со истата енергија, со фокус на младите, семејствата, инфраструктурата, културата и чистата животна средина. Сто дена се само почеток“, порача Проданоски.


Според него, поставените темели треба да овозможат долгорочна трансформација на Прилеп во модерен, зелен и економски развиен град.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img