Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле Е.Д.(28) од Кичево.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 28-годишниот Е.Д. бил приведен, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.






