15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветПримирјето во Газа повторно на тест, Израел изврши нови воздушни напади

Примирјето во Газа повторно на тест, Израел изврши нови воздушни напади

- Advertisement -spot_img

Примирјето во Газа повторно на тест. Десетици Палестинци загинаа во серијата израелски воздушни напади откако Тел Авив нареди одговор на, како што рече, кршењето на прекинот на огнот од страна на Хамас по нападот врз израелски војници на југот од енклавата.

„Какво примирје е ова?“, изјави Амна Кринави, раселена Палестинка.

Американскиот претседател Трамп изјави дека примирјето не е во опасност, но треба да се почитува.

„Тие убија еден израелски војник и Израелците возвратија, и треба да возвратат. Ништо нема да го загрози договорот за прекин на огнот“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Хамас негира одговорност за нападот врз израелските сили и го обвини Израел. Тврди дека 50 луѓе се убиени, вклучувајќи 22 деца, а над 200 се повредени како резултат на тековните напади. Најави одложување на предавањето на две тела на заложници како одговор на израелските прекршувања.

„Хамас потврдува дека нема никаква врска со инцидентот со пукањето во Рафа и ја потврдува својата посветеност на договорот за прекин на огнот“, стои во соопштението на милитантната група.

Бавното враќање на телата дополнително го загрозува кревкото примирје.

„Свесни сме и знаеме точно дека Хамас може да ги лоцира и преземе 13-те тела кои сè уште се во Газа. Во однос на последиците и реперкусиите за Хамас, ништо не е исклучено во моментов“, изјави Шош Бедросијан, портпаролка на владата на Израел.

ОН апелираат сите страни да се придржуваат до условите на договорот за прекин на огнот. Откако примирјето стапи во сила на 10 октомври, смртоносните инциденти продолжија.

Бојана Крстевски

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img