домаХроникаПрилепчанец заврши зад решетки – Подметнал пожар

Прилепчанец заврши зад решетки – Подметнал пожар

- Advertisement -spot_img

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.В. (34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 јуни 2026 година, пријавениот со употреба на запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „Мазда“, сопственост на М.А. (48) од Прилеп. Во инцидентот возилото било делумно опожарено.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а по преземените оперативни мерки и активности, полициските службеници го пронашле и го лишиле од слобода осомничениот.

По изведувањето пред судија на претходна постапка, на Д.В. му била определена мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на мерката.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување и процесуирање на случајот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img