HomeМакедонијаПрилеп се поклони на великаните: одбележани 123 години од смртта на Гоце...

Прилеп се поклони на великаните: одбележани 123 години од смртта на Гоце Делчев и 114 на Пере Тошев

- Advertisement -spot_img

Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјата на Гоце Делчев во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, на споменикот на Пере Тошев во центарот на градот, на неговиот гроб во црквата „Свето Благовештение“, како и на Могилата на непобедените, беше одбележана 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев и 114 години од смртта на Пере Тошев.

Во рамки на настанот беше одбележан и патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“, при што беше истакнато значењето на образованието и воспитувањето на младите генерации во духот на делото и идеалите на големиот револуционер.

Од Општина Прилеп посочија дека Гоце Делчев и Пере Тошев се личности кои со својот живот и дело оставиле длабока трага во историјата, вложувајќи ја својата жртва во борбата за слободна и достоинствена Македонија.

Нивната визија и непоколеблива верба во правото на македонскиот народ за слобода, како што беше истакнато, претставуваат темел на државноста и траен патоказ за идните генерации.

Општина Прилеп упати порака дека нивниот пример останува инспирација за зачувување и градење на државата со посветеност, љубов и чувство на заедништво, со цел подобра иднина за генерациите што доаѓаат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img