При претрес во Демир Хисар пронајдено било оружје и лишено од слобода било едно лице.
Од МВР информираат дека вчера во 13:00 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Н.Д.(33) од село Сопотница, демирхисарско.
Имено, врз основа на наредба од Основен суд Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Д.Д. (64) од Сопотница, Демир Хисар, кои ги користи Н.Д., при што биле пронајдени две ловечки пушки и муниција за ловечка пушка.
По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава, посочија од МВР.








