домаМакедонијаПревенцијата клучна во борбата против малолетничката деликвенција

Превенцијата клучна во борбата против малолетничката деликвенција

- Advertisement -spot_img

Малолетничката деликвенција и врсничкото насилство бележат пораст. Според психолозите и социолозите, булингот е најприсутен кај адолесцентите, стравот, срамот и чувството на беспомошност што ги остава насилството бараат навремена реакција на институциите, но според експертите општеството сè уште нема доволно јасен однос кон малолетничката деликвенција и најчесто реагира откако ќе се случи сериозен инцидент.

„Упатувањето на детето во воспитно-поправен дом значи негово издвојување од природната средина, а неговата природна средина е семејството. Сепак, семејството е главниот фактор. Затоа оваа мерка се применува исклучително, кога веќе нема можност ниту со засилен надзор во семејството, ниту со други воспитни мерки да се влијае врз детето. Дури тогаш тоа се издвојува и се сместува во воспитно-поправен дом, каде што неговите слободи и права се значително ограничени и е подложено на посебен воспитно-превоспитен третман“, изјави Владо Камбовски – академик.

Од Министерството за правда велат, институциите мора да реагираат одлучно, согласно Законот за правда за децата. Потенцираат дека акцентот мора да биде ставен на превенцијата.

„Сепак, мислам дека многу поголемо внимание треба да посветиме на превентивните мерки. Тоа особено се однесува на родителите, училиштата, стручните служби, центрите за социјална работа и на целокупното општество, со цел да спречиме ваквите појави да се повторуваат“, вели Ален Деребан – заменик министер за правда.

Додека јавноста ја потресуваат видеоснимки од нови случаи на врсничко насилство, статистиката бележи раст и на малолетничката деликвенција. Според Државниот завод за статистика, во 2025 година бројот на пријавени деца во судир со законот е зголемен за 3,9 проценти во однос на претходната година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img