Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска присуствуваше на средба во Владата, каде што се сретна со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски.
Во објавата на Фејсбук, премиерот Мицкоски истакна дека разговарале за визијата, развојот и перспективите на фудбалот.
„Продолжуваме со силна посветеност кон создавање услови за напредок, инвестиции и нови можности за младите таленти“, истакна премиерот.

Посетата на Чеферин претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА и дополнително ја нагласува поддршката за развојните процеси во македонскиот фудбал.
Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата на УЕФА се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА.








