HomeШоубизПредвидувања на Николас Ауџула за 2026: Балканот на удар на природни катастрофи

Предвидувања на Николас Ауџула за 2026: Балканот на удар на природни катастрофи

- Advertisement -spot_img

Николас Ауџула, пророк и хипнотерапевт кој стана светски познат тврдејќи дека ја предвидел пандемијата на ковид-19, ги објави своите претскажувања за наредните 12 месеци. Според него, нè очекува година преполна со изненадувања, кои се движат од климатски аномалии до, буквално, средба од вселената.

Климатски потреси во близина на Балканот

Една од највознемирувачките прогнози на Ауџула се однесува на Балканот и околните региони. Тој предвидува зголемена вулканска и сеизмичка активност, особено истакнувајќи ги Грција и Турција. Слични настани, според него, се очекуваа и во Тихиот Океан и Азија. Иако сеизмолозите постојано ги следат овие работи, изјавите на овој пророк редовно предизвикуваат бран на коментари на социјалните мрежи.

Холивуд, вештачка интелигенција и „симболични падови“

Во светот на шоу-бизнисот и политиката, 2026 година, според Ауџула, ќе биде година на пресметки:

  • Холивуд под опсада: Се очекуваат масовни тужби за клевета кои ќе ја разнишаат филмската индустрија.
  • Ера на ВИ филмови: Вештачката интелигенција уште подлабоко ќе влезе во светот на филмот, а продукцијата на генерирани алгоритами ќе стане масовна појава.
  • Доналд Трамп: Ауџула предвидува „пад од висина“, а тоа многумина го толкуваат симболично, како губење на влијанието или нов политички пресврт.
  • Кралски драми: Јавните конфликти меѓу принцот Хари и Меган Маркл, наводно, ќе продолжат да ги полната насловните страници на таблоидите.
Вонземјани и нова мистериозна болест

Најекстравагантните прогнози за 2026 година вклучуваат појава на вонземјани. Иако темата НЛО последниве години влезе и во официјалните извештаи на Пентагон, Ауџула верува дека во текот на оваа година ќе се појават подиректни знаци на нивно присуство.

Напоредно со тоа, предупредува и на нова мистериозна болест, чии симптоми ќе потсетуваат на аневризам. Здравствените експерти советуваат да се внимава при толкувањето на ваквите тврдења, за да се одбегне непотребна паника како онаа во 2020 година.

Кој е, всушност, Николас Ауџула?

За оние кои првпат слушаат за него, Ауџула тврди дека почнал да има визии уште на 17 години. Верува во реинкарнација и вели дека во минатите животи бил египетска кралица, па дури и лав.

На листата на неговите „погодоци“ се наоѓаат победата на Доналд Трамп на изборите во 2016 година, подемот на вештачката интелигенција и личните драми на познатите ѕвезди, како Кејти Пери.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img