6.8 C
Skopje
12 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПожарникарите во Прилеп добија професионален дрон од "Ротари клубот Прилеп"

Пожарникарите во Прилеп добија професионален дрон од “Ротари клубот Прилеп”

- Advertisement -spot_img

Ротари клуб – Прилеп“ денеска ѝ донираше професионален дрон на Територијалната противпожарна единица Прилеп, потврдувајќи ја својата мисија како граѓанско здружение посветено на поддршка и унапредување на заедницата. Дронот ќе им помогне на пожарникарите во справувањето со пожари, но и ќе биде од корист за сите граѓани, особено со оглед на зголемената појава на пожари во последните години.

Покрај дронот, „Ротаријанците“ обезбедија и специјализирана обука за неколку пожарникари, како и за припадници на шумската полиција. Претседателот на клубот, Орде Ѓорѓијоски, истакна дека дронот ќе биде употреблив и за шумската полиција за поефикасно следење и спречување на шумски пожари.

Од ТППЕ Прилеп потенцираат дека опремувањето е од особено значење, особено со оглед на недостигот од 30 пожарникари и две теретни и три теренски возила. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека во текот на наредната година ќе се надмине кадровскиот дефицит, со што ќе се подобри ефикасноста и подготвеноста на единицата за интервенции.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img