домаМакедонијаПожарите во Штип и Пробиштип изгаснати, се истражува дали се подметнати

Пожарите во Штип и Пробиштип изгаснати, се истражува дали се подметнати

- Advertisement -spot_img

Чистење на двор кај една од куќите во близина или спој на лабави жици помеѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција во Штип истакна дека сè уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот, кој ги вознемири жителите од оваа населба.

Освен на Исарот, вчера драматично и сериозно беше и во пробиштипскиот регион, но и на останатите два пожари во штипско, кои во текот на попладневните часови беснееа и предизвикаа и евакуација на текстилни работници.

Ангелов и со апел до граѓаните да не палат оган на отворено, без разлика дали станува збор за чистење дворови, палење стрништа, расчистување пасишта или подготовка на скара, бидејќи и најмала невнимателност може да предизвика пожар со катастрофални последици.

А денес пак во претпладневните часови во штипско имаше нов пожар во Нов Караорман, оштина Карбинци. Овој пожар е изгаснат, а беснееше во близина на неколку индустриски објекти. Инаку, цели 12 часа траеше гаснењето на пожарот што вчера беснееше меѓу Ратавица, Бучиште и Неокази во пробиштипскиот регион. Истиот е изгаснат вчера доцна попладне, што на крај резултираше со една целосно изгорена куќа на семејство од селото Бучиште и уште три делумно опожарени куќи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img