домаМакедонијаПожар во Ново Село, огнот се доближува до црквата на Огражден, се...

Пожар во Ново Село, огнот се доближува до црквата на Огражден, се активираат два ер-трактори

- Advertisement -spot_img

Голем шумски пожар попладнево избувна во атарот на селото Бајково, во Општина Ново Село, на падините на Огражден. Пожарот бил забележан околу 16:30 часот и почнал да се шири кон црквата „Свети Петар и Павле“.

На терен интервенираат пожарникарите од Струмица, доброволците од Доброволното противпожарно друштво „Рис“ и жители што помагаат во заштитата на верскиот објект.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека поради опасноста од натамошно ширење на огнот треба да бидат вклучени и два ер-трактори на ДЗС.

Пожарот гори на планински терен, а приоритет на екипите е пламенот да не стигне до црквата и да не се прошири кон околината.

До објавувањето на последните информации не беше соопштено дали има повредени лица, колкава површина е зафатена и дали огнот е ставен под контрола.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img