Повеќе населени места и делови од Тетово утре, 18 септември, ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.
Според најавата, прекин во периодот од 09:00 до 14:00 часот е планиран во Теарце – Пршовце, односно дел од село Пршовце кај реката.
Во Јегуновце – Копанце, исто така од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе остане дел од Копанце, како и објектите кои се наоѓаат на патот кон село Раотинце.
Во Тетово, од 09:15 до 12:00 часот, прекинот ќе опфати дел од село Горно Речица, односно објектите во близина на водната пумпа.
Од 09:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе биде и дел од Теарце, со објекти кои се наоѓаат во близина на Старо Матекс.
ЕВН наведува дека планираните прекини се најавуваат однапред поради активности на дистрибутивната мрежа.






