6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПовеќе од 70% од пациентките со рак на дојка испитувањата ги прават...

Повеќе од 70% од пациентките со рак на дојка испитувањата ги прават на приватно

- Advertisement -spot_img

Раната превенција од рак на дојка е клучен момент – и токму тука Македонија потфрла. Повеќе од 70% од пациентките со рак на дојка испитувањата ги прават на приватно заради премногу долгото чекање за термини во државните болници, ова го покажуваат податоците на здружението Хема Онко кои во месец октомври кој е посветен на борбата против ракот на дојката се приклучуваат кон кампањите за подигнување на свеста за ова малигно заболување.

На самиот настан со убав гест пациентите беа поздравени и охрабрени за нивната борба од случаен минувач кој даде поддршка на работата на зздружението Хема онко кој се фокусирани на онколошките пациенти.

Од Хема Онко велат дека добиле ветување од Министерството за здравство дека ќе се воспостави национален регистар за онколошки пациенти.

Октомври е месец на свесност за рак на дојка ширум светот, со цел да се зголеми вниманието и поддршката за подигнување на свеста, раното откривање, лекувањето, како и палијативната грижа за оваа болест.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img